799
Опоравувањето на Сер Алекс Фергусон по операцијата на мозокот се одвива одлично, легендарниот тренер од денеска е на домашно лекување.
Тој на некои од своите луѓе им изразил надеж дека на стартот од сезоната во август повторно ќе биде на Олд Трафорд во публиката.
„Сите знаат дека Сер Алекс е победник и ова е една битка која тој никогаш немаше да ја загуби. Повторно е на нозе и ја напушти болницата, тој е благодарен на персоналот. Прогнозите се екстремно ветувачки и само прашање на време е кога ќе му се врати на „Театарот на соништата“’, вели близок извор од Ферги за „Сан“.