Дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин се најде на радарот на Масимилијано Алегри, кој сериозно размислува да го доведе во Милан.
23-годишниот лев бек, кој по потреба може да игра и како централен стопер, сезонава ужива голема доверба од тренерот Ханси Флик, тој запиша дури 33 настапи во сите натпреварувања, а често беше користен и во срцето на одбраната, каде што покажа зрелост и сигурност несвојствена за неговите години.
Неговите солидни настапи не поминаа незабележано, па интересот од европските клубови расте, а најконкретен во моментов е Милан. „Росонерите“ веруваат дека е идеално решение за засилување на одбранбената линија и подготвуваат понуда да го доведат во своите редови.
Во Барселона тој пристигна летото 2023 година како речиси непознат играч од Корнеља за само 100.000 евра. Денес, според „Трансфермаркт“, неговата вредност се проценува на околу 20 милиони евра.