Јувентус би можел
да игра во формациска поставеност од 4-4-2 против Манчестер јунајтед вечерва на
Олд Трафорд, во рамките на третото коло од Лигата на шампионите, според
известувањата кои пристигнуваат од Италија.
Бјанконерите
имаат само тројца подготвени фудбалери во средниот ред за вечерашната
пресметка, Емре Џан и Сами Кедира ќе отсуствуваат.
Газета дело Спорт
и Кориере дело Спорт пишуваат дека шефот на стручниот штаб на Јувентус,
Масимилијано Алегри би можел да игра во формација 4-4-2, а во средниот ред би
требало да се најдат Пјаниќ и Бентакур, со Квадрадо на десната крилна позиција,
а на левата би требало да се најде Матуиди, но, не како крило, за таа опција се
споменува Бернардески, па можеби тука е дилемата на Алегри.
Тутоспорт јавува
дека Алегри ја разгледува опцијата да игра со 4-4-2, но, можно е на крајот да
се реши за 3-5-2, тој најави на прескоференцијата за медиумите дека би играл со
четворица во дефанзивната линија.
Можниот почетен
состав на Јувентус: Шчесни; Кансело, Бонучи, Кјелини, Сандро; Квадрадо, Пјаниќ, Бентакур, Матуиди;
Дибала и Роналдо.