Алчниот Болт не може да почне фудбалска кариера поради големата плата која ја бара

by
1 минути читање

Усеин Болт и официјално не се договори со австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс. Атлетската ѕвезда има побарувања кои тие не можат да си ги дозволат, а се верува дека и нема клуб кој би му ги дал.

Болт бара договор вреден 1,8 милиони евра, додека Австралијците биле подготвени да платат вкупно 95.000 евра, сума која е драстично помала од неговите барања, но се чини и многу пореална.

Одредени напаѓачи во најсилните европски лиги не добиваат годишна плата колку што бара Болт кој сепак не е фудбалер, и во меѓувреме не покажа дека може да биде некој играч кој ќе биде важен за тимот и од резултатски аспект, а не само од маркетинг.

„Иако не дојдовме до договор, воодушевени сме што олимпискиот и светски рекордер беше дел од нашиот клуб овие осум недели“, изјави претседателот на клубот, Мајк Чарлсворт.

И Болт му се заблагодари на клубот за кој даде два гола на пријателски меч.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот, раководството, играчите и навивачите кои одлично ме прифатија. Му посакувам на клубот многу успех во продолжението на сезоната“, изјави Болт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани