143
Серијата на Италија почна од 10. октомври 2018 година кога одигра нерешено, 1-1 на пријателски меч со Украина.
Оттогаш фудбалерите на Манчини забележаа 30 победи и седум нерешени натпревари.
Со вчершната победа тие ги урнаа сите дилеми околу тоа кој ја има најдолгата серија без пораз.
Спорна беше серијата на Бразил кој од 1993 до 1996 година имаше 36 натпревари без пораз, но еден од тие мечеви беше против Романија Б, па некои го броеа, а други не.
Шпанија меѓу 2007 и 2009 имаше 35 натпревари без пораз.
Сега новиот рекордер е Италија со 37 натпревари без пораз и од следното коло може само да ги зголемува бројките.