Агентот на Месут
Озил, Еркут Согут открива дека неговиот фудбалер одбил „луди понуди“ од Азија
пред да ја донесе одлуката за потпис на нов договор со Арсенал.
Согут потенцира
дека парите не биле клучен фактор во одлуката на Озил, додава дека
комерцијалниот имакт на играчите во денешниот фудбал се одлучувачки.
„Имавме навистина
големи понуди од Азија, постоеа луди понуди, но, за Месут, парите немаа големо
значење во неговиот одлучувачки фактор“
рече Согут.
„Парите се
дефинитивно нешто за кое е доста важно да се размисли, но, луѓето мораат да се
потсетат на тоа дека способноста во фудбалот е само еден аспект од преговорите,
комерцијалниот импакт на еден фудбалер е одлучувачки во денешниот фудбал“
додаде тој.