Агентот на Бејл испрати јасна порака до Реал Мадрид за можноста Велшанецот да оди на позајмица

by
1 минути читање

Агентот на Герет
Бејл инсистира на тоа дека постојат повеќе шанси тој да победи на „Аскот“ (коњски
трки) отколку неговиот клиент да се врати во Премиерлигата, но, преку
позајмица, откако тој не е во плановите на Зинедин Зидан за идната сезона.

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид претходно навести дека Бејл, кој идниот месец ќе
наполни 30 години ќе мора да се бори за да биде во конкуренција, а посочи дека
тој е минато.

Велшанецот има
важечки договор со шпанскиот гигант до 2022. година, а неговиот агент потврди
дека нема желба за заминување од Реал Мадрид ова лето, медиумите пак постојано
пишуваат не постои ниту интерес за неговите услуги од европските гиганти.

Постојат повеќе
шанси јас да го освојам „Аскот“ отколку тој да отиде на позајмица
“ рече Џонатан
Барнет во изјавата за „Скај“.

Тоа нема да се
случи, има прекрасен живот и дом во Шпанија, мислам дека потребно е чудо да се
случи за да си замине
“ посочи агентот на Бејл.

Медиумите подолг
период се занимаваат со прашањето околу иднината на Велшанецот во шпанската
престолнина, а некои знаат да посочат дека Бејл и неговиот претставник сега го
„дриблаат“ Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани