Адеми: Одигравме на ниво на најдобрите европски екипи!

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Динамо Загреб, поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми зборуваше за хрватските медиуми по победата над Милан во Лигата на шампионите (2-1).

Тој не го криеше задоволството за перфектната партија, меѓутоа исто така беше и разочаран од елиминацијата.

Штета што оваа партија не беше наградена како што требна. Многу ми е жал. Цела седмица имав добро чувство, дека ќе победиме и ќе одиме понатаму, ама така Бог сакаше да биде… Одигравме неверојатен натпревар, ги притиснавме и бевме на врвно ниво, како најдобрите екипи во Европа. Честитки до соиграчите и навистина сум горд. Ова мора да биде мотивација за понатаму. Видовме на кое ниво сме, а под ова не смееме да се враќаме“, изјави Адеми.

Динамо Загреб со 11 бода ја заврши главната фаза во елитното европско натпреварување. Гол-разликата беше клучна поради која останаа зад Клуб Бриж, Спортинг и Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани