Абердин попладнево соопшти дека Бојан Миовски се сели во Жирона и се пофали дека Македонецот е најголемата продажба во нивната историја.
По две успешни години во Шкотска, Бојан Миовски започнува нова авантура и се сели во Жирона, клуб кој ќе настапува во Лигата на шампиони откако минатата сезона во Ла Лига ја финишираше зад гигантите Реал Мадрид и Барселона.
Од таборот на Абердин попладнево му се заблагодарија на Македонецот и открија дека тој е најголемата продажба во нивната историја.
„Напаѓачот Бојан Миовски се пресели во Жирона во зделка која на Абердин му обезбеди рекордна сума“ – гласеше соопштението.
Како што пренесуваат Скај Спортс и новинарот Фабрицио Романо, трансферот е вреден околу 6,8 милиони фунти, но одредени извори пишуваат дека Абердин може да инкасира и до 9 милиони фунти.
„Бојан беше извонредна „9-ка“ за Абердин, и иако е јасно дека сме тажни што остануваме без него, во исто време сме задоволни што тој обезбеди одличен трансфер. Го заслужи ова, му благодарам за огромниот придонес“ – рече генералниот извршен директор на Абердин, Алан Бараус.
Абердин исто така го поздрави Македонецот преку социјалните мрежи: „Ти благодариме за се Бојан. Сите во Абердин ти посакуваат многу успех во понатамошната кариера“.
Thank you for everything Bojan.
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) August 15, 2024
Everyone at AFC wishes you every success in your future career ❤#StandFree | @bojanmiovskii 🇲🇰 pic.twitter.com/G1Bpmt2p7n