Леванте викендов ремизираше со Гетафе пред своја публика
во рамките на деветтото коло од Примера, а на трибините од арената во Валенсија
се најдоа скаути од Сандерленд, ПСЖ и Интер.
Според информациите кои пристигнуваат, било следено
фантастичното дуо во средниот ред на Леванте, поточно Колумбиецот Џеферсон
Лерма, како и нашиот репрезентативец Енис Барди.
Од тоа што е познато, Лерма заедно со Пепелу имаат
највисока откупна клаузула во висина од 30 милиони евра, нешто помала е на
нашиот интернационалец, која е втора по висина во тимот, а истата изнесува 25
милини евра.
Инаку, Лерма го одигра целиот меч, додека Барди влезе на
стартот од вториот дел и учествуваше во акцијата за израмнувачкиот гол за
домаќините, резултат кој остана до крајот на оваа средба.