Новиот турски Суперлигаш Гезтепе можеше до триумф пред
своја публика над Аланијаспор во 9. Коло од тамошниот фудбалски шампионат, но
двата гола на нашиот Јаховиќ на крајот не беа доволни за три бода, туку само за
еден бод, откако гостите во завршницата со два гола си заминаа со реми од
Измир.
По блескавото издание во петокот, 30 годишниот македонски
напаѓач стана прв стрелец во Суперлигата на Турција со вкупно 11 погодоци, зад
него е Гомис од Галатасарај со два помалку.
Од тоа што можевме да го забележиме на социјалните мрежи,
вчера нашиот интернационалец имаше средба со поранешниот фудбалер на Јувентус,
Никола Аморузо, кој моментално работи како фудбалски агент, а воедно на
средбата беа присутни и агентите на Јаховиќ.
Се уште не се познати детали од оваа средба, а познато е
дека Јаховиќ е веќе на листата на желби на ЦСКА Москва, Бешикташ и
Анталијаспор, посебно рускиот тим е најконкретен кој веќе ја достави својата
конкретна понуда, која е мошне солидна.
Не е исклучена и можноста Аморузо да го носи нашиот
фудбалер во италијанскиот фудбалски шампионат, каде екс членот на Јувентус има
големи контакти во клубовите.
Јаховиќ има договор со Гезтепе до идното лето, тимот од
Измир веќе подготви нов договор за Македонецот, но останува отворено прашањето
како ќе се одвиваат настаните во периодот кој претстои и кој пат ќе го одбере
нашиот фудбалер.