163
Уште едно импресивно издание на Адис Јаховиќ, македонскиот „бомбардер“ вечерва ја „решеташе“ мрежата на Аланијаспор.
Тој го отвори резултатот кон финишот на првиот дел кога скокна највисоко по еден корнер и донесе предност на домаќините од 1-0.
Адис Јаховиќ потоа одлично се снајде во 74. минута, смири една топка во срцето на петерецот и рутински донесе водство од 3-1.
Сепак, неговите два гола не беа доволни за победа, гостите до крајот на средбата се изборија за 3-3.