Пред извесен период турските медиуми пишуваа за интересот за 31 годишниот македонски напаѓач од редовите на Гезтепе, Адис Јаховиќ. За него „загризаа“ тамошниот шампион Бешикташ, Анталијаспор, но и
рускиот вицепрвак ЦСКА Москва.
Според нашите сознанија, Јаховиќ има богата понуда од
ЦСКА Москва која му нуди годишна плата од 1,1 милион евра, а клубот добил
понуда вредна еден милион евра обештетување за македонскиот напаѓач.
Останува да видиме во периодот кој претстои дали тимот од
Измир ќе оддолее на оваа богата понуда, веќе пренесовме за тоа дека на
напаѓачот му се подготвува и нов договор од клубот, откако познато е дека
актуелниот важечки истекува идното лето.
Гезтепе подготвува нов договор за Јаховиќ, веќе е позната и неговата моментална плата во тимот од Измир
Јаховиќ игра во фантастична форма, со девет гола по осум
одиграни кола во турската Суперлига е на врвот на листата на стрелците заедно
со Гомис од Галатасарај.