Од Вардар упатија апел до оние кои ќе бидат на „Филип Втори“ арената во четврток

by
2 минути читање

По двата стартни порази во групата „Л“ од Лига Европа,
поточно од Зенит (0-5) и Розенборг (3-1), македонскиот шампион Вардар во
четврток на домашен терен го пречекува Реал Сосиедад.

Очигледно дека нашиот претставник сака да биде мошне
внимателен во однос на организацискиот пристап, па така упати апел до оние кои
ќе бидат на „Филип Втори“ арената во Скопје за пресметката против Шпанците.

Интересот
за натпреварот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад е голем. Затоа Фудбалскиот клуб
Вардар апелира сите гледачи да дојдат на стадионот порано. Во спротивно клубот
не може да гарантира правовремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се
затвораат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот
“ велат
од Вардар
.  

Апелираме
на сите посетители на стадионот дека седењето на скали е строго забрането.
Секој кој ќе биде затекнат да седи на скалите, ќе биде опоменат од
обезбедувањето, и доколку не го завземе своето место, ќе биде отстранет од
стадионот
“ стои во апелот кој е објавен на официјалниот клупски сајт, притоа се
додава навивањето да биде во спортска атмосфера, без извици и пароли на
национализам и расизам.

Дуелот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад во четврток стартува
во терминот од 19 часот.

 

Извор: fkvardar.mk

Фото-вест: 24фудбал (архива, Вардар – Зенит)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани