424
Денеска во Скопје се играше реванш натпреварот помеѓу Шкендија и Нитра, македонскиот претставник не успеа да ја анулира минималната негатива од првиот меч.
Тетовчани беа оладени уште на стартот, во седмата минута Чобот постигна гол за водство на Нитра од 1-0. Во продолжението на Шкендија и требаше победа од два гола разлика.
Израмнувањето стигна рано, во 25. минута Расими изедначи на 1-1, но тука замрзна резултатот, мрежите мируваа до крајот.
Ваквиот резултат значеше и крај на учеството на Шкендија во младинската Лига на шампиони.