Македонија дел од репрезентациите кои го одбележаа ФИФА ранкингот во октомври, „Црвено-жолтите“ скокнаа 18 позиции

by
1 минути читање

„Црвено-жолтите“
се помеѓу репрезентациите кои ја одбележаа октомвриската ранг листа на
светската куќа на фудбалот.

Македонија со ремито
против Италија и триумфот на Лихтенштајн напредуваше 18 позиции. Ваков скок има
и Австрија, а подобар прогрес бележат само Летонија (19 места) и Туркменистан
(22 места).

Со 410 бодови,
Македонија сега е на 85. место на ФИФА ранг листата.

На врвот нема
промена, Германија е прва пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и
Полска, а во топ 10 се најдоа и Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани