Според информациите кои ги пренесуваат дел од турските
медиуми, се вели дека напаѓачот на Суперлигашот Гезтепе, 30 годишниот Адис
Јаховиќ е трансфер желба на бранителот на титулата во тамошниот шампионат
Бешикташ, а меѓу екипите кои стојат во редот за него се уште и вицепрвакот на
Русија, ЦСКА Москва, како и Анталијаспор.

Сепак, Гезтепе нема да се откаже туку така од својот
најдобар фудбалер кој во моментов е на делба на првото место на листата на
стрелците во Турција, заедно со Гомис, Јилмаз и Лав со по седум погодоци од
исто толку и одиграни натпревари.
Познато е дека тимот од Измир на маса му понудил нов
договор на македонскиот напаѓач кој беше предводник на Гезтепе во промоцијата
на тимот во Суперлигата, а неговиот важечки договор истекува идното лето, па
раководството на клубот го чека одговорот на Јаховиќ.
Останува отворена дилемата која опција ќе ја одбере
нашиот напаѓач до зимскиот преоден рок, а тој одлуката се чини дека треба да ја
донесе во следниов период.
Опцијата Бешикташ нуди и настапи во Лигата на шампионите,
ако се земе во предвид дека шампионот на Турција во својата група покрај Порто,
Монако и Лајпциг тргна со две победи, па нема да чуди доколку има долг престој
сезонава во елитниот европски клупски шампионат.
Извор: yeniasir.com.tr