Хасани и Ибраими со серва се „загреваа“ за дербито со Вардар (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Викендов, поточно во сабота се игра големото дерби помеѓу
вицепрвакот Шкендија и актуелниот бранител на титулата во домашниот шампионат
Вардар, во рамките на 10. Коло од Првата лига на Македонија.

Се чини дека атмосферата во соблекувалната во лидерот на
табелата Шкендија е одлична, за тоа сведочи и пречекот кој го добија
репрезентативците на Македонија, Ферхан Хасани и Марјан Радески, кои се вратија
во клубот по репрезентативните обврски.

Хасани одигра 64 минути на гостувањето кај Италија (1-1),
додека пак против Лихтенштајн одигра едно полувреме (4-0). Што се однесува до
Радески, тој одигра 90 минути против Италија, а мечот во Струмица го проследи
од клупата за резервни фудбалери.

Во соблекувалната на Шкендија капитенот на тимот Хасани
одигра и серва со глава, на масата со Бесарт Ибраими, во која на крајот како
победник излезе популарниот „Буба“.

Токму Хасани (7) и Ибраими (5) се двајцата водечки
фудбалери на листата на стрелците во досегашните одиграни натпревари во
прволигашкото друштво на Македонија.

Дуелот помеѓу Шкендија и Вардар е предвиден да стартува
во терминот од 14 часот и 30 минути, а тетовските „црвено-црни“ имаат девет
бода предност во однос на својот најголем ривал за титулата сезонава, кој
воедно заостанува и два натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани