Алиоски ќе земе здив викендов, Македонецот ќе биде поштеден за средбата со Рединг? (ФОТО)

by
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец и член на англискиот
чемпионшиплигаш Лидс, Езгјан Алиоски би можел да биде „поштеден“ од средбата
против Ридинг на „Еланд Роуд“ оваа сабота во рамките на 12. коло во тамошната
втора лига на Англија, барем така најавуваат дел од тамошните медиуми.

Езгјан Алиоски имаше настап за Македонија за време на
интернационалната пауза па тоа може да доведе до одлука на Кристијансен да го
остави на клупата за резервни фудбалери
“ најавува „
HITC.

Алиоски во само три дена одигра два натпревари за нашата
сениорска селекција, поточно во финишот од квалификациите за СП Русија 2018,
најнапред на гостувањето кај Италија (1-1) и мечот во Струмица против
аутсајдерот Лихтенштајн (4-0), во кој Алиоски учествуваше во два гола за нашиот
состав, а и двата меча ги одигра од првата до последната минута.

Лидс со 20 бода од 11 одиграни натпревари засега е на
петтото место на табелата во Чемпионшиплигата, со шест победи, две ремија и три
порази, а воедно заостанува четири бода зад лидерот Кардиф.

Нашиот 25 годишен офанзивец на десет натпревари постигна
еден гол во второлигашката конкуренција на Англија, истиот беше прогласен за
гол на месецот во лигата.

Почетниот состав за саботниот меч помеѓу Лидс и Рединг кој го најавува „HITC“.

Извор: hitc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×