Тренерот на Палермо: Трајковски постигна убав и важен гол, но…

by
1 минути читање

Александар
Трајковски изминативе денови беше на удар на лидерите на Палермо кои не се
задоволни од неговите игри.

Македонецот вчера
се покажа во одлично светло против Италија, го матираше Џиџи Буфон и донесе
голем бод за „Црвено-жолтите“ против фаворитот.

Палермо утре игра против Парма, па на денешната средба со новинарите, неизбежни беа прашањата
за погодокот на Александар Трајковски.

„Според мене,
Трајковски е одличен фудбалер, сите знаат дека имам високо мислење за него“

вели тренерот на „Сицилијанците“, Бруно Тедино.

„Сметаме многу на
него, но се уште го нема прикажано она за кое е способен“.

„Неговиот гол
против Италија беше убав и важен, но не сум изненанден, бидејќи има квалитет за
многу повеќе, има страшен потенцијал
.

„Мора да подобри
одредени аспекти од играта и ние ќе продолжиме да му помагаме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани