Пандев го има рецептот за „Аѕурите“: Треба да се игра на контри, само така може до добар резултат

by
1 минути читање

„Црвено-жолтите“
имаа уште едно одлично издание против „Аѕурите“, но за разлика од средбата во
Скопје кога останавме со празни раце, избраниците на Ангеловски вчерва се
изборија за реми и голем бод.

Италија поведе
преку Кјелини, но во вториот дел, Александар Трајковски го матираше Џиџи Буфон
за 1-1.

„Мислам дека се
браневме добро и го извадивме максимумот од контра нападите
”
– рече Горан Пандев за Раи по
крајот на натпреварот.

„Така се игра
против големите репрезентации, во спротивно ќе примите три или четири гола
”.

„Имаме млади
играчи кои постојано бележат прогрес и се надевам дека ќе бидеме уште подобри
во иднина
”.

Запрашан дали „Аѕурите“
треба да стравуваат за учеството на мундијалот во Русија, Пандев вели: „Мислам
дека Италија има одличен состав со многу шампиони и ќе патува за Русија
”.

„Можеше да се
види дека вечерва немаа за што да играат, бидејќи знаеа дека и онака ќе бидат
втори
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×