„Од какво дрво изгубив“ – Несторовски лут, Трајковски фаќаше сеир (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клупските другари
од Палермо делат соба во репрезентацијата на Македонија и карантинот во Торино
го искористија за мала забава.

Илија Несторовски
и Александар Трајковски на социјалните мрежи се пофалија дека играле „Не лути
се човече“.

Поразениот
требаше да прави мала серија вежби, па „Нестогол“ остана разочаран откако
Александар Трајковски го победи.

На жалост моја, ова
дрво ме победи“
– вели Несторовски додека почнува да ја одработува „казната“ а
Александар Трајковски му фаќаше сеир.


За мала утеха,
Иле успеа еднаш да го победи својот тимски колега.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани