421
По нерешениот резултат без голови со БиХ, Македонија одигра со идентични 0-0 и на денешниот натпревар против Словачка.
Избраниците на Горан Станиќ мораа да играат дефанзивно во најголемиот дел од мечот бидејќи Тошевски беше исклучен уште во деветтата минута.
Голманот Матеј Андов со серија прекрасни интервенции беше најдобриот играч на Македонија на теренот.
Македонските надежи последниот меч го играат против Молдавија на 8. октомври и ќе бркаат убедлив триумф за пласман во главната фаза на квалификациите.