Тоа што се најавуваше подолг период сега е пред
реализација, искусниот холандски напаѓач Робин Ван Перси е на излезна врата од
турскиот гигант Фенербахче, тамошните медиуми веќе на големо ја најавуваа оваа
опција, а веста стигна и до еден од највлијателните медиуми на Островот, „The sun“ кој мошне
интересно го пренесе сево ова.
„Холанѓанецот е во моментов со турскиот тим Фенербахче,
но тие сакаат да го тргнат него од составот за да го вметнат македонското чудо
Елиф Елмас“ пишува во својата објава „The sun“.
Познато е дека Фенербахче веќе го исполнува лимитот за
бројот на странци во тимот, вкупно 15 и тоа со Ван Перси во тимот, тој речиси
сигурно ќе биде „пречкртан“ од составот, за да се направи простор за 18
годишниот македонски репрезентативец кој од јануари ќе може да почне и да
настапува на официјални средби за Фенербахче.
Инаку, што се однесува пак до Ван Перси, се најавува
негово враќање во клубот каде ги почна своите фудбалски почетоци, бранителот на
трофејот во Холандија, Феенорд.