„No Gjanni, no party“: Лугано настрада по заминувањето на Алиоски, за ова пренесоа и медиумите во Англија (ФОТО)

by
2 минути читање

25 годишниот македонски репрезентативец, Езгјан Алиоски
ова лето за сума од 2.5 милиони фунти премина во редовите на англискиот
Чемпионшиплигаш, таму тргна одлично, но му претстои период за дополнителна
адаптација на англискиот фудбал за него, но, неговиот поранешен клуб,
швајцарскиот суперлигаш Лугано е во резултатска криза по неговото заминување.

Лугано лани благодарение на блескавите изданија на
Алиоски заврши на третото место на табелата со 53 бода, односно забележа 15
победи кои го кренаа во горниот дел од табелата во најсилниот фудбалски
шампионат на Швајцарија.

Но, бодовите и конечниот расплет на табелата се чини дека
немаше да гласи така да не беше нашиот офанзивец кој лани постигна 16 погодоци
од вкупно 52. на Лугано, а притоа реализираше и 14 асистенции, со што беше „алфа
и омега“ во својот тим.

Во моментов, Лугано се наоѓа на последното место на табелата во швајцарската Суперлига, и дефинитивно не му бега тешка битка до крајот на првенството за опстанок.

За тоа во каква очајничка резултатска криза се наоѓа
поранешниот клуб на Алиоски, пренесе и британски „
HITC.

 

Извор: hitc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани