По Енис Барди, Елиф Елмас со втората најскапа откупна клаузула кај македонските фудбалери

by
2 минути читање

Медиумите во Турција на големо пишуваат за откупната
клаузула во договорот на 18 годишниот македонски репрезентативец Елиф Елмас, во
неговиот договор со гигантот од Истанбул, екипата на Фенербахче.

Елмас ова лето ги засили редовите на турскиот Суперлигаш
кој за неговите услуги му плати на Работнички 1
80.000 евра на име на тренинг
компензација, а нашиот фудбалер потпиша петгодишен договор со неговиот нов
клуб.

Според информациите кои ги пласираа во јавноста дел од
турските медиуми, откупната клаузула во договорот на Елмас со Фенербахче
изнесува 23 милиони евра, што воедно е највисоката откупна клаузула во турскиот
тим, сево ова било објавено на денешната официјална промоција на Елмас во тимот.

Откупната клаузула на Елмас е втора во однос на
македонските интернационалци, ако се земе во предвид тоа што е засега познато,
односно, откупната клаузула на Енис Барди (25 милиони евра) во неговиот договор со шпанскиот
прволигаш Леванте, за кој дел од тамошните медиуми најавија дека ќе биде „подновен“
со нови суми.

 

Извор: yenisafak.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани