Вардарци тренираа на „Леркендал“ арената, утре по изненадување против Розенборг (ФОТО)

by
0 минути читање

По убедливиот пораз пред своја публика од Зенит со 0-5,
македонскиот првак Вардар ги одработи финалните подготовки за утрешната средба
со Розенборг, за гостувањето во Трондхајм во второто коло од групата „Л“ од
Лига Европа.

Избраниците на Чеде Јаневски вечерва го одржаа
официјалниот тренинг на арената „Леркендал“ каде утре со почеток од 19 часот ќе
ги одмерат силите против норвешкиот противник. Според информациите кои се
објавени на официјалниот клупски сајт, вардарци одработија полесен тренинг.

Мечот во Норвешка ќе го суди бугарскиот арбитар Кабаков.

 

Фото: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×