81
Екипата на Шкендија за фудбалери до 19 години загуби
минимално на гостувањето кај Нитра во Словачка со 1-0, во првата пресметка
помеѓу овие два тима во квалификациите за Лигата на шампиони во младинска
конкуренција.
Домаќините поведоа со гол во 49. минута, дело на Коса, а
во самата завршница останаа и со играч помалку откако исклучен беше Врабел по
двата жолти картони во серија во една минута.
Реваншот е предвиден да се одигра идниот месец во Скопје.