Вардар утре со почеток од 19 часот му гостува на Розенборг во натпревар од второто коло од Лига Европа.
Вториот капитен на Вардар, Никола Глигоров ги искажа своите очекувања во пресрет на мечот.
„Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализран од наша страна. Во своите редови има добри играчи, поединци, пред се тука најпознат е Бендтнер кој што има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лигата на Европа, доволно кажува за нашиот противник. Меѓутоа ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло, и се надевам дека гледачите кои ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг, ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима кои што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм“, изјави Глигоров.