Денес на програмата беа пет средби, од кои една беше
одложена, во рамките на осмото коло во прволигашкото друштво на Македонија.
Во фокусот на вниманието беше дуелот во Тетово, каде во
градското дерби Шкендија и беше домаќин на Ренова.
Лидерот на табелата во Првата лига славеше со 2-0, и тоа
со погодоците на Ибраими во 6. односно на Хасани во 35. минута. Со тоа,
тетовските „црвено-црни“ стигнаа до четвртиот триумф во низа а веќе се
зацврстија на првото место на табелата.
Од останатите натпревари, го бележиме ремито без голови
помеѓу екипите на Работнички и Силекс, а на клупата на домаќините деби имаше
Горан Станковски, кој го презеде кормилото во тимот по оставката на Виктор
Треневски.
Победа со 4-2 беше подобра од Скопје, додека пак Шкупи и
Пелистер ремизираа со резултат 1-1.
Поради утрешното гостување на шампионот Вардар кај
Розенборг во Лига Европа, одложен е дуелот Академија Пандев – Вардар. Тимот на
Чеде Јаневски има два заостанати натпревари засега, вклучително и градското
дерби со Работнички.
Резултати од осмото коло:
Победа – Скопје 4:2
Работнички – Силекс 0:0
Шкендија – Ренова 2:0
Шкупи – Пелистер 1:1
Табела: Шкендија 22, Академија Пандев 14, Вардар 13, Шкупи 12,
Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6, Ренова 6, Скопје 3.