158
Благоја Милевски ја обнови соработката со ФФМ потпишувајќи нов две годишен договор за функцијата селектор на македонската репрезентација до 21 година.
„Имав понуди од странство, но решив да потпишам нов договор со ФФМ, уште две години ќе бидеме заедно“ – кратко изјави Благоја Милевски.
Тој е најуспешниот селектор во македонскиот репрезентативен фудбал откако успеа селекцијата до 21 година да ја однесе на Европското првенство во Полска со што направи историски успех.
Фото: ФФМ