319
Елиф Елмас на 27 септември ќе наполни 18 години, но тој
на два дена пред својот роденден во кругот на своето семејство ја пресече
роденденската торта, а сето тоа не мина незабележително од страна на турските
медиуми.

Тимот од Истанбул, Фенербахче откако го доведе
македонскиот фудбалски бисер во своите редови ова лето правеше максимални
напори за да добие специјална дозвола од ФИФА за регистрација, откако ја доби,
битката се префрли во Турската фудбалска федерација, која сепак даде негативен
одговор, па така Елмас ќе мора да сочека до јануари за настап во сениорскиот
тим на Фенербахче, кога воедно ќе може да биде и регистриран.
Извор: skor.sozcu.com.tr