Српски „Моцарт спорт“: Останувањето на Несторовски во Палермо…

by
2 минути читање

Палермо на Несторовски и Трајковски засега е единствената
непоразане екипа во второлигашкото друштво на Италија, со два триумфа и три
нерешени средби, а вечерва се среќава со екипата која се уште нема победа.

Пишувајќи за најавата за претстојната пресметка во Сицилија
вечерва (20,30), српски „Моцарт“ напиша дека останувањето на Несторовски во
дресот на Палермо е поради фактот што оваа екипа сака брзо да се врати во
друштвото на најдобрите, во елитната Серија А.

Меѓу другото, истиот медиум во однос на прекинот на низата
од три ремија редоследно за Палермо, триумфот на домашен терен против Перуџа во
претходното коло го опиша на овој начин.

Палермо е единствената непоразена екипа во лигата, која
минатиот викенд ја прекина низата од три ремија со славјето над лидерот Перуџа.
Човек на одлука беше, кој друг, ако не Илија Несторовски. Македонскиот напаѓач
и минатата сезона беше единствената светла точка во клубот од Сицилија во
Серија А, кога постигна 11 погодоци, а неговото останување во розевиот дрес е
гаранција за тоа дека Палермо сака брзо да се врати во друштвото на најдобрите

пишува „Моцарт“.

Несторовски на четири меча постигна два гола засега,
додека пак Трајковски на три, постигна еден погодок.

 

Извор: mozzartsport.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани