Еден гол го реши најголемото македонско дерби, Вардар со победа од 1-0 се враќа од Битола.
Клучниот момент се случи во 31. минута кога по една убава акција Блажевски постигна гол за водство на Вардар кое значеше и победа.
Пелистер имаше неколку одлични шанси за изедначување, битолчани беа подобри во второто полувреме но иницијативата и можностите не ги претворија во погодок.
Скопје беше на добар пат да направи уште едно изненадување, но не успеа. Со гол на Мишевски имаше водство против Шкендија од 1-0, но Ибраими и Хасани погодија за комплетен пресврт и три бода на тетовскиот тим.
Академија Пандев продолжува со фантастичните резултати овој пат со 2-1 славеше на гостувањето кај Работнички.
Романтичарите поведоа со гол на Џофри во осмата минута, Атанасов и Мишов реализираа за победа на Академија Пандев од 2-1.
Силекс со гол на Филиповски дојде до триумф над Победа.
Синоќа Ренова и Шкупи одиграа без голови.
Фото: ФК Вардар