Кога се сака, се’ се може: Патувал по 20 километри за на тренинг, најголемата поддршка ја имал од неговите родители

by
3 минути читање

Енис Барди, македонскиот репрезентативец денес е во
фокусот на вниманието во шпанската јавност, причината е мошне јасна, 22
годишниот фудбалер на Леванте одлично се адаптираше во новата средина, каде
пристигна ова лето за сума од 1.5 милиони евра кои ги доби унгарски Ујпешт како
обештетување за него.

Скај Спортс го „освежи“ рангирањето по моќ во Примера: Барди во друштво на Меси, Облак и Заза!

Во интервју за локален медиум во Валенсија, нашиот
фудбалер вели дека се решил да потпише за Леванте најмногу поради тренерот,
спортскиот директор и претседателот на овој клуб.

Меѓу другото, големата сензација во Примера вели дека
најголемата поддршка во текот на неговата фудбалска кариера ја имал од неговите
родители.

Марка: Ивии Барди како Нејмар и Кавани (ФОТО)

Моето семејство беше нормално семејство, секогаш
тренирав и постојано имав максимална поддршка од моите родители, тие секогаш
веруваа во мене. Мојот чичко беше добар фудбалер во Македонија и во периодот
кога бев мал, секогаш го сакав фудбалот. Му кажав на мојот татко дека сакам да
бидам фудбалер, и од тука се
почна, тој секогаш ми помагаше“ вели Барди.

Инаку Енис според нашите сознанија потекнува од Блаце,
тоа е населено место во областа на општина Чучер Сандево, дознаваме дека во
околните места постои село под името Бард, па од тука доаѓа и презимето кое го
носи нашиот фудбалер.

Во интервјуто локалниот медиум од Валенсија говори за тоа
што нашиот фудбалер морал да патува по 20-тина километри за да оди на тренинг
во Скопје, инаку родното место на Енис е оддалечено од Скопје околу 25
километри.

 

Извор: levante-emv.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани