25 годишниот македонски репрезентативец и член на
Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски се чини дека му тргна со португалскиот тим,
каде пред само два дена одигра и 90 минути во натпревар од Лига купот на
Португалија, а претходно дебитираше во Лигата на шампионите против Олимпијакос.
Според информациите кои ги пренесува „Абола“,
португалскиот медиум тврди дека Спортинг Лисабон веќе ја активирал откупната
клаузула за Македонецот кој до моментов настапуваше како позајмен фудбалер од
хрватскиот првак Ријека, со опција Спортинг на крајот од сезоната, доколку
посакува да го задржи Ристовски, да ја исплати бараната сума.
„Абола“ пишува дека Ристовски веќе има перманентен
договор со Спортинг Лисабон, а неговата откупна клаузула од 2,25 милиони евра
веќе е активирана уште по првиот настап на нашиот фудбалер, а Ријека ќе добие
дополнително уште 250,000 евра во бонуси во однос на перформансите на нашиот
репрезентативец. Во веста на претходно наведениот медиум, се вели дека
Ристовски ќе потпише тригодишен договор со Спортинг, со можност на продолжување
на дополнителни две.
Договорот помеѓу двата клуба дава можност Ријека да има
процент од следниот евентуален трансфер на Ристовски.
Моментално во Португалија, веста за Ристовски е број еден во тамошните медиуми…
Извор: abola.pt