22 годишниот поранешен фудбалер на Вардар кој своевремено
беше најавуван како талент на кого му се предвидува блескава кариера, Јасир
Асани и денес се најде на насловите во медиумите кај нашиот западен сосед.
Пред само две години беа подготвени да платат 150.000 евра за него, сега го добиваат за „без пари“
Според информациите кои ги пренесува „Спорт Експрес“, се
вели дека Асани добил понуда од актуелниот бранител на титулата во тамошниот
шампионат, Кукеши, но наводно раководството на овој клуб било изненадено од
високите барања на младиот фудбалер.
„Сапуницата“ околу Асани продолжува: Партизани не сака да чуе да плати за него, а познато е колку Вардар добил за неговата исписница!
Повторно се споменува онаа исписница од Вардар, за која
Асани сам ја подмирил, па сега се чини дека во
преговорите со заинтересираните клубови со него тоа му претставува проблем на
фудбалерот, кој можеби има намера најпрво да „ги заборави тие средства“ со
добивање повисока плата, која во моментов освен Партизани, не може да му
овозможи ниту Кукеши.
Извор:
sportekspres.com