Натпреварот помеѓу Магдебург и Гројтер Фирт во втората Бундеслига донесе луди пенали какви што нема на аматерски фудбал, дефанзивците на двата тима ќе бидат кандидати за најглупавите потези на фудбалските терени.
Пресметката помеѓу Магдебург и Гројтер Фирт заврши 2-2, а во фокусот е поради два луди пенали за кои не треба да има место во професионалниот фудбал.
Првиот глупав потег беше дело на гостинскиот дефанзивец Јунг, кој со рака ја фати додадената топка од својот голман мислејќи дека се работи за гол-аут и треба да ја намести во петерецот.
Па судијата без двоумење покажа на белата точка, а домаќините од втора успеаја да ја затресат мрежата и да поведат со 1-0.
На спротивната страна, по еден старт врз гостинскиот фудбалер Масимо пред шеснаесетникот, сите очекуваа прекршок, па домашниот дефанзивец Хебер ја фати топката со рака, сепак проблем беше што судијата не свирна фаул, па немаше друг избор освен да санкционира играње со рака повторно да досуди најстрога казна.