Хрватскиот
прволигаш кој се вбројува помеѓу петте клубови во Хрватска кои функционираат
одлично на секое поле на организациски план, вчера извојува победа од 2-0 на
домашен терен против швајцарски Луцерн во првиот меч помеѓу овие две екипи во
второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа.
Трибините на „Градски
Врт“ во Осијек беа исполнети речиси до последното место, па така по крајот на
мечот следеше спектакуларна прослава во која фановите на овој тим и фудбалерите
заедно ја прославија победата која ветува прогрес во следната рунда.
Подобриот од
Осијек и Луцерн во третата рунда квалификации за Лига Европа, ќе ги одмери
силите против ПСВ од Холандија.
Што се однесува
пак до синоќешниот меч, токму Музафер Ејупи во 66. минута го отвори резултатот
во корист на својот тим.