Шкендија триумфираше над Хелсинки со 3-1, Работнички ремизираше со 1-1 против Динамо Минск во првите натпревари на двата македонски претставника во второто
квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа, пред реванш
средбите кои ќе ги играат идниот четврток, на гостински терен.
Ждребката за
третото квалификациско коло, пред бараж фазата, ќе биде одржана утре во Нион,
натпреварите од третото коло се предвидени да се одиграат на 27. јули, односно 3. август.
Со оглед на тоа
што и Шкендија и Работнички имаат отворени шанси за прогрес, особено Шкендија,
би можеле да ги издвоиме потенцијалните ривали на нашите претставници во
наредната рунда квалификации во Лига Европа.
Ниту Шкендија,
ниту пак Работнички не се во делот на носители, па така тие имаат 29 потенцијални противници,
за кои поголемиот број клубови може да се каже дека се „голем залак“.
Шкендија има
коефициент 3,650, додека пак Работнички има 3,875.
Според
рангирањето по коефициенти, можеби пожелни би биле Спарта Прага, Австрија
Виена, Сион, Маритимо, Астра или Зира, за да се избегнат поголемите гиганти од
типот на Фенербахче, Зенит, Атлетик Билбао, Ммилан, ПСВ, Олимпик Марсеј и пред се’ Евертон…
Потенцијални ривали на Шкендија и Работнички:
Зенит (Русија)
Атлетик Билбао (Шпанија)
Фенербахче (Турција)
Спарта (Република
Чешка)
Милан (Италија)
ПСВ (Холандија)
Брага (Португалија)
Гент (Белгија)
ПАОК (Грција)
Краснодар (Русија)
Бордо (Франција)
Евертон (Англија)
Олимпик Марсеј (Франција)
Динамо Загреб (Хрватска)
Фрајбург (Германија)
Австрија Виена (Австрија)
Панатиникос (Грција)
Маритимо (Португалија)
Сион (Швајцарија)
Исто така, како
потенцијални противници на нашите претставници се и победниците од следните
дуели во второто коло:
Галатасарај (Турција) – Остерсунд (Шведска)
Макаби (Израел) – Рејкјавик (Исланд)
Астра (Романија)
– Зира (Азербејџан)
Мидтјиланд (Данска)
– Ференцварош (Унгарија)
Хајдук (Хрватска) – Левски (Бугарија)
Лех Познањ (Полска) – Хаугесунд (Норвешка)
Аполон (Кипар) – Зарија (Молдавија)
Млада Болеслав (Чешка) – Шамрок (Република Ирска)