Хет-трик на Ибраими во победата на Шкендија против Хелсинки, Работнички во финишот се спаси од пораз од Динамо Минск (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Шкендија дојде до
победа од 3-1 иако имаше почетна негатива во мечот против Хелсинки, додека пак
Работнички се спаси од пораз во самиот финиш против Динамо Минск, и со резултат
1-1 патува на реваншот на гостински терен.

Шкендија имаше
доминација во почетната фаза на мечот во Струмица против Хелсинки, но при едно
големо невнимание при една нафрлена топка од корнер ситуација, гостите преку
Јало во 35. минута погодија за водство од 0-1.

Во самиот финиш од првото полувреме на мечот кој се одигра на стадионот „Младост“, Ибраими биеше успешно од белата
точка во 45. минута, откако срушен во казнениот простор на гостите беше
Радески.


Ибраими во 59. минута
ја доведе Шкендија во водство од 2-1, со тоа што македонскиот вицепрвак направи
комплетен резултатски пресврт на мечот.

Напаѓачот на
Шкендија тука не застана, па четири минути подоцна дојде до уште една убава
прилика, од пенал да бие во мрежата од голот на противникот, по трети пат, претходно беше фаулиран откако изби сам пред противничкиот голман.
Гостите по оваа ситуација останаа со играч помалку, исклучен беше
Патронен кој доби директен црвен картон.

Ибраими погоди за
хет-трик и ги постави конечните 3-1 од овој натпревар.

Стратегот од
клупата на вицепрвакот на Македонија, Ќатип Османи, се реши за следниот состав
:
Захов, Бејтулаи, Алими, Цуцули,
Ибраими, Хасани, Вујчиќ, Радески (Авдили 75
), Мурати (Челиковиќ 25’
), Жуниор и Тодоровски.

Работнички пак со
тешки маки го спасуваше својот гол во првото полувреме, успешно најмногу
благодарение на Шишковски кој имаше полни раце работа во првите 45 минути игра,
па во неколку наврати излезе како херој за нашиот претставник.

Сепак, Работнички
попушти во 53. минута кога Квашчински ги доведе гостите во водство од 0-1, истото
го задржаа се до
90. минута
од мечот кој се одигра на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“ во Скопје.

Иако остана со
играч помалку откако Емир Сахити во 83. минута заработи директен црвен картон
поради груб прекршок, Работнички се спаси од пораз откако Најденов погоди од
белата точка во 90. минута, по прекршокот над Билали.


Шефот на
стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски со следните  фудбалери за овој натпревар
: Шишковски, Митрев, Херера, С. Сахити (Кадриу
67’), Дурански (Е. Сахити),
Најденов, Велинов, Маркоски, Илиев
(Билали 55’), Трајчевски и
Рашо.

И двата
македонски претставника, реванш натпреварите ги играат наредниот четврток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани