Полувреме: Шкендија се врати против Хелсинки, Шишковски го спасуваше Работнички од налетите на Динамо Минск (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Шкендија има
нерешен резултат 1-1 против Хелсинки, додека пак Работнички и Динамо Минск
играат без голови по првите 45 минут игра.

Шкендија напаѓаше
уште од првата минута во Струмица, па така првата одлична прилика за погодок
стигна преку Бесарт Ибраими во 13. минута. Напаѓачот на нашиот претставник
биеше само во пречката од голот на противникот во оваа ситуација.

Следеше шанса на
Жуниор во 18. минута која не беше искористена, за потоа гостите да се заканат
преку Јало во 20. минута, но Захов беше на висина на задачата.

Иако имаше
доминација и беше поконкретна во нападите, Шкендија сепак беше мошне
невнимателна при една нафрлена топка од корнер во 35. минута, заспаноста кај
нашиот претставник ја искористи Јало кој погоди за водство на Хелсинки.

Сепак, Ибраими
погоди од белата точка во самиот финиш на првото полувреме, откако во 45. минута
беше направен фаул над Радески во казнениот простор на гостите.

Стратегот од
клупата на вицепрвакот на Македонија, Ќатип Османи, се реши за следниот почетен
состав
: Захов, Бејтулаи,
Алими, Цуцули, Ибраими, Хасани, Вујчиќ, Радески, Мурати, Жуниор и Тодоровски.

Натпреварот
помеѓу Шкендија и Хелсинки се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, на
истиот главен делител на правдата
e Австриецот Маркус Хаметер.

Фото: HJK
Helsinki (Twitter)

Работнички имаше
лош старт во почетната фаза против Динамо Минск, Белорусите беа поконкретни во
нападите па првата посериозна шанса ја изградија во 11. Минута, кога Квашчински
изби сам пред голот на нашиот претставник, но Шишковски забележа одлична
интервенција и го спаси својот тим од негатива во оваа ситуација.

Две минути
подоцна Шишковски уште еднаш го спаси својот гол, овој пат по ударот на Лукиќ.

Мрежите останаа
да мируваат до истекот на првите 45 минути игра на овој меч.

Шефот на
стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски со следните 11. фудбалери истрча
против Динамо Минск
: Шишковски,
Митрев, Херера, С. Сахити, Дурански, Најденов, Велинов, Маркоски, Илиев,
Трајчевски и Рашо.

Мечот помеѓу
Работнички и Хелсинки се игра на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“ во Скопје,
на истиот главен делител на правдата е Норвежанецот Арнолд Хантер.

 

Фото-вест:
fcdinamominsk (Instagram) 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани