Вардар со одлични 1-1 се враќа од Малме, па на реваншот во Струмица противникот е тој што ќе брка резултат.
Гоце Седлоски вели дека и покрај добрата игра во Малме, ќе се обидат дома да одиграа на уште повисоко ниво и да изборат пласман во следната рунда.
„Горд сум на моите играчи. Го остварија целосно она што го договоривме пред натпреварот, го оставија срцето на терен. Како што кажав и на првата прес конференција, дојдовме тука по добар резултат. Имавме шанси во првиот дел да постигнеме уште некој гол, но кога се ќе собере, задоволни сме од овој резултат. Дојде до мал пад во последните 20 минути, мала декоцентрација и примивме гол. Но, морам да нагласам дека ова на нас ни е прв натпревар сезонава, за разлика од нашиот противник кој што веќе е во полн натпреварувачки ритам и игра во шведскиот шампионат. Остануваат уште 90 минути да се одиграат, и шансите за пласман во следната фаза ни се реални“, рече Седлоски.
„Сега на ред е да анализираме, да остраниме некои грешки. Не смееме да се ориентираме на дефанзива на вториот натпревар, туку на реваншот ќе одиме да дадеме гол. Подготвени сме да одиме до крај и да стигнеме до пласман понатаму“.
Фото: ФК Вардар