Првото полувреме
мина во знакот на нашиот претставник кој се консолидираше по почетната
иницијатива на домаќините.
Малме имаше
мини-доминација на теренот во почетната фаза од мечот, но првата посериозна
шанса ја имаше Вардар преку Балотели во 17. минута.
Бразилецот убаво
проигра со Спировски, репрезентативецот на Македонија одлично му асистираше на
својот соиграч кој се најде пред голот на шведскиот првак, но упати удар кој
заврши крај голот на противникот.
Веднаш потоа
Малме возврати, но Гачевски забележа одлична реакција по ударот на Бергет.
Вардарци преку Барсегјан
во 34. минута дојдоа до нова изгледна прилика да погодат за почетно водство на
мечот во Малме, но Ерменецот иако излезе сам пред голот беше спречен од
централниот дефанзивец на домаќините Нилсен. Потоа топката стигна до Балотели
кој шутираше само над голот.
Фото:
fkvardar.mk
Исто како и во
почетната фаза во првото полувреме, така и во второто, Малме со неколку
изгледни прилики да го отвори резултатот на мечот, претежно од прекини, но за
среќа нашиот шампион се извлече во овие ситуации.
Вардар поведе во
62. минута со погодокот на Николов кој одлично се снајде во казнениот простор
на домаќините. Фелипе најнапред упати центаршут, топката стигна до Балотели кој
одлично го проигра Николов кој упати „хируршки“ прецизен удар кој заврши во
мрежата од голот на домаќините.
Сепак, Малме се
врати на резултатски план на мечот, со голот на Брорсон, кој во 75. минута при
една нафрлена топка од прекин ја искористи „заспаноста“ во одбраната на нашиот
шампион.
Четири минути
подоцна Малме дојде до сто-процентна прилика пред голот на Вардар, но Гачевски
со една одлична одбрана го одбрани ударот на Кристиансен кој излезе очи во очи
со голманот на нашиот шампион.
Вардар имаше среќа во самиот финиш од средбата откако домаќините ја погодија пречката од голот, па конечниот епилог од мечот на „Сведбанк Арената“ остана 1-1, со тоа што реваншот на терен на нашиот шампион ќе го донесе патникот во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион играше пред полни трибини на „Сведбанк Арената“
Фото: Malmo FF (Twitter)
И нашиот шампион имаше поддршка од трибините на мечот во Малме
Стратегот од
клупата на македонскиот шампион, Гоце Седлоски, се реши мечот да го почне во
следниот состав: Гачевски,
Грнчаров, Спировски (Којашевиќ 78’), Барсегјан (Блажевски 72’), Хамбарѕумјан,
Николов, Новак, Демири, Исени (Глигоров 46’), Фелипе и
Балотели.
Реванш средбата е
предвидена да се одигра наредниот вторник на стадионот „Младост“ во Струмица,
во терминот од 18 часот.
Ристе Ѓорѓиевски