Екипата на
Шкендија утре го игра првиот меч против Хелсинки во предвидениот двомеч од
второто квалификациско коло во Лига Европа, по одличниот настап во првото коло
каде избраниците на Ќатип Османи со вкупен резултат од 7-0 ја понижија
молдавска Дачија.
„Изминатиот
период ги анализиравме нашите грешки, ќе се обидеме да поправиме дел од нив,
иако беа малку, не сакаме да имаме грешки во нашата игра. Очекуваме дека
Хелсинки е поквалитетен противник во однос на Дачија“ изјави Ќатип Османи,
стратегот од клупата на македонскиот вицепрвак.
„Имаме силен
противник пред нас, против Дачија покажавме и докажавме дека имаме добар тим,
но тоа не значи дека ќе биде лесно во второто коло, ќе се соочиме со силен
противник, сепак, ако ја повториме играта против Дачија, мислам дека можеме до
позитивен резултат“ издвои капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани.
Шкендија го
пречекува Хелсинки утре во терминот од 18 часот на стадионот „Младост“ во
Струмица, во истиот термин Работнички во Скопје го пречекува Динамо Минск.
Извор/Фото:
kfshkendija.com