74
Нов клуб се
приклучува во трката за услугите на перспективниот Македонец, 17 годишниот Елиф
Елмас.
По Клуб Бриж,
Бенфика, Манчестер Сити и Трабзонспор, интерес пројавува и Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ знаат
да проценат голем талент, изминативе неколку години донесоа голем број на надежни
играчи ширум Европа.
Во 2015 беше ангажиран
Кристијан Пулишиќ, потоа Осман Дембеле од Рен, па Емре Мор од Нордсјеланд, а во
јануари пристигна и големиот талент на АИК, Александер Исак.
Борусија Дортмунд
сега сака на овој список да го придодаде и Елиф Елмас, кој минатиот месец веќе
дебитираше за „Црвено-жолтите“ и настапи против Шпанија, а потоа играше и за
Македонија на Европското првенство во Полска.