Треневски: Кога го видов Најденов како спие во копачки, знаев дека ќе биде добро

by
1 минути читање

Работнички се помачи за триумф на гостувањето во Сан Марино
против Тре Пене, каде со гол во 90. минута обезбеди минимална победа и мирен реванш во Скопје.

Избраниците на Виктор Треневски на реваншот ја наполнија
мрежата на аутсајдерот, совладувајќи го со високи и убедливи 6-0, шефот на
стручниот штаб по мечот истакна дека ваква убедлива победа секогаш е за
респект.

Искрено, не бевме сјајни во играта, но, сепак, победа од
6-0 е секогаш за респект. Сакам да им честитам на фудбалерите. Кога го видов
Бојан Најденов како спие во копачки во карантин, знаев дека ќе биде добро“
изјави Треневски.

„На
почетокот малку се баравме себеси, но откако го отворивме резултатот, потоа
беше поинаку. Има простор за напредок, и теренот е покус овде на комплексот на
ФФМ, тоа е сосема друг проблем, но не треба сега да се бараат многу забелешки
кога ќе славиш така убедливо. Го чекаме сега следниот противник и ќе се
подготвиме за новите натпревари

дополни тренерот на Работнички по мечот.

Се поизвесно е дека Работнички за противник во второто коло
ќе го добие Динамо Минск од Белорусија, кој на полувремето од мечот против НСИ
во Фарските Острови, на реваншот имаше минимална предност од 0-1, вклучувајќи
ја победата на домашен терен од 2-1, Белорусите се веќе во следната рунда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×