Работнички
потешко од очекувањата стигна до победа на гостувањето кај Тре Пене во Сан
Марино во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лига
Европа. Деан Митрев во 90. Минута од мечот успеа да погоди во мрежата на
противникот и да обезбеди можеби мирен реванш во Скопје.
„Мислам дека
сосема заслужено стигнавме до триумф, и верувам дека на реваншот во Скопје ќе
го потврдиме нашиот пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на
Европа. Ако брзо го отвориме резултатот, се надевам дека ќе славиме и многу
поубедливо во Скопје“ најавува Митрев.
Реванш средбата
се игра во четврток на „Тренинг Центарот Петар Милошевски“ со почеток од 17
часот и 30 минути.
Евентуален
прогрес, во следната рунда на Работнички му го носи подобриот од пресметката
помеѓу Динамо Минск од Белорусија и НСИ од Финска. Во првиот меч белорускиот
претставник на домашен терен беше подобар со 2-1.
Извор/Фото: fcrabotnicki.com