Екипата на
Шкендија дојде до убедлив триумф од 3-0 над Дачија во првиот меч помеѓу овие
две екипи во квалификациите за Лига Европа. На полувремето од мечот кој се
одигра на стадинот „Младост“ во Струмица, нашиот претставник имаше водство од
2-0.
Ибраими уште во
7. минута погоди од пенал, додека пак четири минути подоцна Радески зголеми на
2-0 со што победата за македонскиот вицепрвак се надзираше.
Конечните 3-0 во
Струмица ги постави Радески со својот втор гол на мечот, овој пат во 75. минута.
Шкендија: Захов, Цуцули, Бејтулаи, Челиковиќ (Мурати
62’), Алими, Тодоровски, Хасани (Абдурахими 76’), Вујчиќ, Ибраими, Жуниор (Тотре 87’) и Радески.
Реванш средбата
во Молдавија е предвидена да се одигра наредниот четврток во терминот од 16,00
часот.
Што се однесува
до останатите македонски претставници во ова натпреварување, Работнички е
следен на програмата, со гостинскиот меч кај Тре Пене во Сан Марино (20,30),
односно дуелот на Пелистер во Полска против тамошниот противник Лех Познањ (20,45).