Прва започнува Шкендија која во 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ја пречекува екипата на Дачија од Романија.
Во таборот на Шкендија се подготвени за предизвикот, свесни се дека ги очекува неизвесна и тешка битка против Дачија, но романскиот противник не е тим кој не може да се елиминира.
Најлесна задача се очекува да има Работнички кој како фаворит влегува во дуелот со Тре Пене од Сан Марино, првиот меч „романтичарите“ го играат на гостински терен со почеток од 20:30 часот.
Работнички беше единствениот македонски тим кој беше носител во ждрепката, па очекувањата се дека нема да имаат посериозна задача за да се пласираат во следната рунда иако во последно време нема тотални аутсајдери.
Најтешка задача ќе има Пелистер кој од 20:45 му гостува на Лех Познањ, полскиот противник кој е фаворит во овој дуел.
Мисијата на Пелистер е да одигра добар меч и да дојде до резултат кој ќе влее надеж дека може да се изненади противникот во реваншот.
Шкендија – Дачија 18:00 часот
Тре Пене – Работнички 20:30
Лех – Пелистер 20:45